МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НЕМА РАКОМЕТ НИ КОШАРКА Е КЕ ИГРААТ САМО ФУДБАЛСКИТЕ ТРЕТОЛИГАШИ

Спортскиот викенд ке биде многу оскуден. Ракомет нема бидејки се чека „Металург“ да ги доигра заостанатите средби.Ракометарите на „Тиквеш“ ги чека пеколна следна недела бидејки прво во вторник ке му гостуваат на „Прилеп“ па го пречекуваат „Металург“ во петок за да завршат во недела нагости кај „Работнички“. Викендов ке паузираат и кошаркарите.„Еуро Никел“ нема да игра бидејки екипата на „Кожув“ е во карантин. Нема ни второлигашка машка кошарка бидејки короната им го одложи натпреварот и на кошаркарите на „ПроБаскет“. И девојките ке паузираат. „Трокал“ требаше да игра со „Работнички“ но тие се во карантин а женскиот тим на „Пробаскет“ е слободен. Ке играат само фудбалските третолигаши и тоа според предвиденото ке се игра 13 коло кое според првичниот договор треба да биде последно есенско. Но, постојат муабети дека заради убавото време раководните структури можно е да дозволат да се доиграат уште две кола во среда и другата недела со што би се комплетирал првиот круг. Во недела екипата на „Локомотива“ ке му гостува на тимот на „Братство“. Како и сите други „прилепски“ екипи и “„Братство“ е домашна екипа која на свој терен може да победи секого. Екипата на „Вардар“ од Неготино предводена од новиот тренер Никола Глигоров на домашен терен ке го пречека лидерот „Ново Црнилиште“. „Марена“ гостува во Големо Коњари кај истоимената екипа и има убава можност да направи исчекор од опасната зона.

м.в.