МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На возачот во Итната медицинска помош Прилеп- Гоце Илиески му е потребна парична помош.Тој е искусен тимски играч чија вештина и пожртвуваност секогаш значи живот за нашите пациенти на работ на смртта, прекрасен пријател и сакан, посветен сопруг и татко.

„Донирајте 100 денари ЗА ГОЦЕ.Кој колку може да му помогнеме да ни се врати жив и здрав од Болницата „Систина“ каде поради компликации предизвикани од Ковид 19 е на респиратор. Заедно можеме да се избориме за неговиот живот!ЗА ГОЦЕ, за нас едно кафе за него и семејството многу !Човек кој неуморно година дена беше на браникот на Ковид пандемијата како возач на Брзата Помош во Прилеп„-велат неговите блиски и пријатели.,

Донирајте 100 денари ЗА ГОЦЕ. За нас едно кафе за него и семејството многу !

Телефонски повици:

-143 414- за корисниците на Телеком

-143 504- за корисниците на А1/

-Жиро сметка; Стопанска банка Скопје :200003328588457-Даниела Илиескја -Прилеп.

Благодарност од Гоце , Даниела Филип и Сара !