МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Национална конференција за клима: Само со веродостојни информации, истражувања и извори ќе влијаеме врз развојот на свеста за климатските промени

Само десет отсто од десет институции кои што имаат ингеренции во областа на справување со климатските промени, одговориле дека преземаат активности за ублажување и прилагодување кон климатските промени. Девет од нив комуницираат проблематики поврзани со темата. Дури 80 отсто рекле дека комуницираат пробламитики со граѓанските организации. Тие сметаат дека добар дел од нив имаат ниско ниво на информираност и знаење - ова се дел од заклучоците добиени по спроведување на два прашалника во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“. Резултатите беа презентирани вчера на последниот ден на Националната конференција за клима, што во изминатите две недели он лајн ја организираа „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија.

Кристина Бужароска од CNVP најави дека Прирачникот со најдобри практики за комуникација на тема климатски промени треба да биде објавен наскоро на македонски, албански и на англиски јазик.

Прашалник бил доставен до 22 претставници од 14 владини институции и осум центри за развој на планските региони. Од нив, добиени се одговори од 10, а од нив само од еден центар за развој на планските региони.

infografik1 infografik3 infografik4 kako vo mediumite komunicranje klimatski promeni thumbnail