МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во двете основни училишта кои го носат името на првоборецот Димката Ангелов Габерот,беа положени свежи свечиња на негиовата биста, а истовртемено беше одбележан и патронатот на двете училишта во Ваташа и Кавадарци.

Делегации на градоначалникот ; Сoветот, полиитички партии, пратеници,граѓани и почитувачи на делото на Габерот положија свежи цвеќиња, а поводот беше искорстен да бидат доделени јубилејните награди, и да бидат прогласени најдобрите ученивци на генерацијата , истоивремено да се доделат признанија за постигнатите резултати во учебанат година која е зад нас а која беше обременета со специфичните услови на анстава поради Пандемијата птредицикана од коронавирусот.

На свеченостра во ООУ„ДАГ„Кавадарци цвеќе положи и градоначалникот Митко Јанчев.

Инаку Габерот е роден на 17 октомври 1916 година во Ваташа ,тој е една од најпознатите историски личности во поновата историја на народот од овој крај.

Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Прилеп и Неготин Краина, каде се стекнал со диплома на учител. Во 1936 г. со само 20 години на јавен митинг во Кавадарци смело му се спротивставил на министерот за народно здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ за експлоататорската и денационализаторската политика на неговата влада врз македонското население. Поради своите прогресивни идеи бил на неколку пати апсен од тогашната полиција. Како учител работи во селата Дабниште и Радња. Имал дарба за музика, бил спортист, а имал и актерски способности. Станал член на Воениот и Месниот комитет на Кавадарци во 1941 и 1942 година и еден е од организаторите на востанието на народот од Тиквешијата. Во април 1943 година бил избран за политички комесар на штабот на Третата оперативна зона, а кога на 14 мај 1943 е формиран одредот “Добри Даскалов“, Димката е назначен за негов политички комесар. Загинал храбро во заседа што ја поставила бугарската војска на 10 јуни 1943 година. Со него загинаа и Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев.

И денес е голема енигма зошто Димката не беше прогласен за народен херој.

-Ви ги предаваме дел од искажувањата на директорите ; Марјанчо Јанкулов и Ѓорги Ѓорчев и ученикот на генерацијата во Ваташа ,Тодор Пењушков.