МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска од 20 часот, во Летната бавча при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворено годинашното издание на традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“. На самиот настан претходно во Галеријата при Домот на културата, ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот ликовен уметник Драги Хаџи - Николов Аџи од Гевгелија, насловена како “Етно приказни“.На меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“ ќе учествуваат уметници од повеќе земји. Отворањето на колонијата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Сертификат за примена барем прва доза на вакцина, потврда за прележан COVID - 19 до 45 дена. Бројот на присутна публика е 30 % од предвидениот простор.