МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова е пораката од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка Затоа OСБСП апелира до возачите:

- „Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате, затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата не видливи во сообраќајот. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Покрај тоа OСБСП со потсетување до родителите дека тие се примерот на кој децата секојдневно се огледуваат. Личниот пример кој родителите им го даваат на децата во сообраќајот треба да биде безусловно и целосно почитување на правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин всушност континуирано да ги наведуваат децата да бидат безбедни и одговорни во сообраќајот!.,,

Покрај наведеното, ОСБСП потенцира дека децата кои немаат полни 10 години не е безбедно да се оставаат сами да одат на училиште. Доколку од одредени причини се одлучите да го пуштете детето да оди само на училиште, потрудете се да биде барем во група од две до три деца. Во таква ситуација, секој одговорен родител должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот. ОСБСП на сите ученици им посакува успешна и безедна учебна година и уште еднаш ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот !

ОСБСП Кавадарци