МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Жителите на Градско денеска според сите ковид протоколи на свечена седница со одбележаа општинскиот празник

16 декември е ден на Општината Градско. По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на Златко Владов а потоа во Домот на културата Крсте Петков Мисирков во Градско, советот на Општина Градско ке ја одржи свечената седница на која своје обраќање ке има градоначалникот Киро Нацков. Освен културно уметничката програма беа доделени и награди и признанија „16 декември“. Годинава наградите ке ги добија Бинаса Сулејманова како најдобар ученик во основно образование, Никола Трендафилов, Фросина Цековска, Петар Стојановски и Филип Филипов како најдобри ученици во средно образование, Иле Петровски како најдобар студент, Филип Мирчев за афирмирање на младите и спортот во Општина Градско, Богде Терзиов и Раде Колев како истакнати земјоделци, Вардар Био процес Градско, Дади Компани и Ми-Са МГ како правни субјекти и поединци и Митропоолитот Повардарски г. Агатангел кој воедно и им се обраѕи на присутните.

На свеченоста во Градско присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

М.В.