МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заеднички проект на ФА Тиквеш и учениците со посебни потреби од ООУ ,,Страшо Пинџур,,

Утре вторник во Домот на културата Иван Мазов Климе ке се одржи финалето на повеќемесечниот проект “Фатени за раце го менуваме светот!“ Станува збор за проект во кој се вклучени учениците со посебни образовни потреби од ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци и членовите на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, соработка која започна минатата година со организирање фолклорни работилници. Финалето всушност се заеднички концерти - Новогодишни спектакли на учениците со посебни образовни потреби од ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци и членовите на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, во кои дел од учениците ќе настапат како членови на ансамблот и како членови на оркестарот. Гости на концертите со свој настап се членовите на Студио за танц "Старс" Кавадарци. Овој проектт е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија а концертите се дел од “Кавадаречка културна есен 2021“. Концертите ќе се одвиваат според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примена вакцина и задолжително носење заштитни маски. Поради пандемијата предвидени се два концерти и тоа првиот почува во 18 час а вториот во 19.30 ч.

М.В.