МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадарчани го откажааа учеството под изговор дека не се подготвени

Тројниот македонски шампион и полуфиналист во плејофот од последната сезона ЕуроНикел официјално ја извести АБА дека нема да настапува во вториот степен од нејзиното натпреварување следната сезона. Кавадаречкиот клуб избори место во АБА 2 според пласманот на табелата во основниот дел од првенството и имаше голема желба да учествува, но очигледно нешто се смени во меѓувреме. Во своето известување до АБА 2 лигата луѓето од ЕуроНикел напишале дека процениле дека се уште не се подготвени на таков чекор. Наводно Еуро Никел ќе продолжи да расте и се надеваат дека идната натпреварувачка кампања ќе бидат на потребното ниво. Местото на кавадарчани најверојатно ќе го пополни ТФТ. Според пласманот во првенството, освојувачот на Купот е следен кој би добил покана за настап, а ќе учествува заедно со Пелистер, како претставници на Македонија. Ваквата одлука сигурно нема да наиде на одобрување кај кавадаречката спортска јавност и кај љубителите на кошарката кои и онака се поретко доаѓаат во салата „Јасмин“.

М.В.