МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Акцијата е дел од кампањата „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“ и рамноправно учество во сообраќајот

Септември е месец кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности, како гроздобер и сл., што значи дека се зголемува бројот на земјоделски машини кои се вклучуваат во сообраќајот на патиштата. Затоа, РСБСП и МВР спроведуваат кампања „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“. Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно и рамноправно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини, за управување на технички исправни и регистрирани земјоделски возила и машини, свеста за нивна поголема видливост во сообраќајот, исправност на светлосните сигнални уреди и почитување на правилата и прописите во сообраќајот, но и за подигање на свеста кај останатите возачи на моторни возила за поголема внимателност во сообраќајот и почитување од нивна страна на возачите на трактори и другите земјоделски машини како рамноправни учесници во сообраќајот.Кампањата се реализира на територијата на целата држава. РСБСП и МВР организираат повеќе јавни настани за директна комуникација со возачите на трактори и земјоделски машини, едукација и превентивно предупредување од страна на сообраќајната полиција на возачите на трактори ‒ за нивно безбедно и одговорно учество во сообраќајот, и други активности. По тој повод претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска вчера во соработка со ОВР Кавадарци и ОСБСП делеа флуоросцентни налепници и ротациони светла за возачите на трактори и друга земјоделска механизација. На тој начин РСБСП упати апел до возачите: Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини - и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот - а на возачите кои управуваат со трактор и земјоделски машини им порачаа: Возете технички исправни, осветлени и означени трактори и други земјоделски машини, бидете видливи во сообраќајот и почитувајте ги правилата и прописите. БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!

viber_image_2022-09-16_07-28-16-722 viber_image_2022-09-16_07-28-18-002 viber_image_2022-09-16_07-28-18-244

М.В.