МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„СДСМ Кавадарци исто како и нивното неспособно централно раководство преку бледи прес конференции се обидуваат да ја замајуваат јавноста презентирајќи некакви анти кризни мерки за кои и тие самите не се уверени дека ќе постигнат ефект во државата.Владата на Димитар Ковачевски е нај неспособната влада од независноста на Македонија.Ниту еден од предложените сет мерки нема да значи помош на граѓаните бидејќи тие во моментот плаќаат 50 проценти поскапа електрична енергија од претходните месеци,додека цената на електричната енергија за стопанството е зголемена за над 500 проценти. Инфлацијата е над 18 проценти со што ценовниот шок во Македонија е најизразен во цел регион, само поради тоа што на чело на владата на ДУИ со помалиот коалиционен партнер СДСМ е неспособниот премиер Димитар Ковачевски.Затоа предлагаме да се зафатат со работа и да го амортизираат ценовниот шок наоѓајќи ги профитерите од млечната индустрија кои на грбот на граѓаните со поддршка од владата прават екстра профити за кои наскоро ќе дознаеме во чиј џеб завршуваат истите.СДСМ Кавадарци наместо да ја лажат јавноста со измислени бројки претворени во некакви мерки,ги повикуваме да погледнат подобро во реалниот сектор,во стопанството каде што секојдневно се испуштаат работници од работа и со директна помош да го стимулираат приватниот сектор од каде што егзистираат илјадници жители на Општина Кавадарци.Иако ветуваа дека Еуро Никел - Фени нема да престане со работа сите сме сведоци дека подолг период печките се изгаснати а илјада вработени се секојдневно во агонија и неизвесност за нивната иднина и иднината на нивните семејство.Најважно за владата е да функционираат бизнисите на кумот на Ковачевски и фирмите блиски до СДСМ,додека останатите се оставени на немилост борејќи се секојдневно како да го преживеат денот.Секој ден поминат со владата на коалицијата ДУИ-СДСМ е катастрофа за граѓаните на Република Македонија„ - стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.