МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се отвори СебеСложувалка бр.2 во Кавадарци

СебеСложувалка е фирма со долгогодишно искуство во психолошкото советување, психодијагностика и психотерапија. Седиштето се наоѓа во Скопје и оваа година, токму на 13ти Ноември, сопственичката м-р Тиана Ивановска реши да го прошири својот тим и да заживее идејата за менталното здавје и во центарот на нашата држава - во Кавадарци. Нивната примарна мисија е да понудат еднакви можности за едукација за ментално здравје на сите граѓани во државата. На социјални медиуми присутни се со многу корисни содржини кои целосно бесплатни и достапни за сите.

Во канцелариите во Кавадарци на овој тим од психотерапевти им се приклучуваат Анастасија Танева и Радица Вареловска, лиценцирани психолози и дипломирани Гешталт терапевти, кои имаат искуство во индивидуална и групна работа со деца, адолесценти и возрасни и чија визија е да им овозможат на сограѓаните еден нов поглед кон себе, кон сопственото ментално здравје и подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на секој поединец.

Овој тим составен од млади и енергични психотерапевти е спремен да внесе нови и интересни програми за различни возрасни категории, со цел себеспознание, личен раст и развој, како и групи за подрршка во однос на одредена проблематика. Наскоро се подготвуваат и бесплатни работилници за запознавање на граѓаните со нивната работа, а во меѓувреме секој заинтересиран може да ги контактира на :

Website - https://sebeslozuvalka.com

Инстаграм - https://www.instagram.com/sebeslozuvalka/

Фејсбук - https://www.facebook.com/sebeslozuvalka.mk

viber_image_2022-11-15_12-57-38-500 viber_image_2022-11-15_12-57-38-596 viber_image_2022-11-15_12-57-38-842 viber_image_2022-11-15_12-57-39-034 viber_image_2022-11-15_12-57-39-124 viber_image_2022-11-15_12-57-38-931