МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со убавото време започна разубавувањето на Кавадарци.

Се кастрат градските дрвореди.Ова задача ја има ЈП„Комуналец„ кој со години во содејство со стручни лица од Локалната самоуправа се грижат за зелените делови на Кавадарци

Овој пат, како што информираат од Комуналец, се работи за кастрење на дрворедот на улицата „Браќа Џунови„ спој со „7 Септември“, каде е предвидено денеска и утре да бидат отстранети сите делови од дрворедите кои имаат постигнати физичка зрелост и започнат процес на гниење, а со тоа и опасност да паднат и повредат минувач или направат други штети.Ова операција се изведува стручно и веруваме дека ке биде успешна како што лани беше направено на „Илинденска„ и на други улици.Стручњаците на ОЕ„Хигиена и зеленило„ си ја знаат работата и одговарат за неа.

Овој дрворен уште годинава ке биде подмладен а в година ке има далеку поубава функционалност и поголема зелена маса.

Дека комуналци се грижат за дрворедите во градот зборува окото на нашата камета.На улицата „Б.Џунови“ и „Киро Крстев„ деновиве се посадени нови 30 дрвца од видот „копривка“.Да потсетиме. Еден значаен број од веке посадените дрвца изминатиот период па и ова зима беа уништени од „вандалите„ кои својиот бес чести го истураат врз недолжните дрвца.