Филип Ризов и донесе на Македонија и сениорско злато на балканскиот шампионат за јуниори и сениори во Сараево.
Популарниот „Жаба“ во својот прв настап во сениорска конкуренција во категоријата кик лајт го демонстрираше целиот свој потенцијал, но и психофизичка подготвеност, откако по исцрпувачката полуфинална борба против светскиот вицешампион кој доаѓа од Словенија, во уште еден супер тежок дуел со претставникот на Србија успеа да стигне до златото.
Боите на Македонија на овој шампионат ги бранеа уште двајца членови на клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци, Ристе Атанасов во сениорска и Блаже Настов во јуниорска, кои пак немаа доволно среќа во финалните борби кои ги обезбедија со одличните настапи во претходните два дена, но и сребрениот медал е и тоа како големо достигнување со оглед на супер силната конкуренција на шампионатот.