МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во изминатите 3,5 години се доделени околу 700 ваучери

Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов денеска доделија нови 116 вредносни ваучери од кои 114 за новороденчиња и 2 ваучери за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Согласно проектот кој започна да се реализира во звгуст 2013 година, општина Неготино за секое прво или второродено дете доделува ваучер во вредност од 7.000 денари, за трето дете 14.000 денари и 30.000 денари за мажи над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак.

Задоволство од мерката искажаа и самите корисници на ваучерите додавајќи дека за нив како млади родители секоја финансиска поддршка е добредојдена, па така и оваа која ја доделува општината.

Во изминатите 3,5 години се доделени околу 700 ваучери, од кои најголемиот број за новороденчиња, што впрочем беше и мотив на проектот за зголемување на наталитетот во општина Неготино. И во наредниот период општината ќе продолжи со доделување на вредносни ваучери.

Видео изјави... Ванчо Апостолов – градоначалник на Неготино,Николина Адамова – мајка и Сашо Трајков – татко