МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поради репрезентативни обврски дојде до мала промена во термините за одигрување натпревари овој викенд.

Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат два валификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2022. На 8 октомври нашата селекција ќе се соочи со Лихтенштајн на гостински терен во Вадуц, а на 11 октомври на домашен терен на Националата арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаме селекцијата на Германија. Поради сево ова дојде до мала промена во термините на одигрување на претстојните натпревари од ПМФЛ и ВМФЛ. Па така наместо во недела, прволигашите своето 9 коло ќе го одиграат ден порано, в сабота на 2 октомври. Само дербито помеѓу Шкупи и Работнички ќе се игра во недела. Второлигашите пак своето шесто коло ќе го одиграат ден подоцна од планираното, односно во недела на 3 октомври. Паузата во домашното првенство ќе трае се до 16-17 октомври, кога продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ и ВМФЛ.

М.В.