Средбата во Кавадарци започна со едноминутно молчење за ненадејно починатиот Чкембар
Братското дерби на дното помеѓу Тиквеш и Пелистер започна со едноминутно молчење на тревникот во Кавадарци во чест на прерано починатиот „Чкембар“, Томислав Карајановски Босанац. Двете екипи заедно со навивачите на двете екипи испратија последен поздрав до битолскиот навивач, кој почина ненадејно пред неколку дена. Збратимените навивачки групи „Лозари“ и „Чкембари“ идентично како и на средбата во Битола приредија спектакл од трибините и заеднички ги бодреа своите тимови.На крај сепак се радуваше кавадаречкиот дел од истокот на стадионот.
м.в.