Кавадарчани сакаат да му оддадат почит и укажат благодарност на поранешниот капитен

Кошаркарите на Еуроникел на стартот на новата сезона играат дома со тимот на Гостивар. Специјален гостин на оваа средба на кавадарчани ке им биде довчерашниот капитен Јане Петровски кој ке биде морална подршка за своите поранешни соиграчи и нормално ке навива од трибините. Управата на клубот пак сака на својот капитен да му оддаде почит и укаже благодарност за сето она што Петровски го стори во дресот на Еуроникел во изминатиов период додека ги бранеше боите на кавадарчани.

Средбата се игра во сабота со почеток во 18 ч.

М.В.

191199888_599264311044462_8889746231375881494_n