МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА ДЕЛО И ПОВЕКЕ ОД ВИДЛИВИ СЛАБОСТИТЕ И НЕДОСТАТОЦИТЕ НА КАВАДАРЕЧКИОТ ТИМ

Викендов се одиграа средбите од 11 коло во првата машка кошаркарска лига. Фаворитите односно најтрофејните екипи едноставно не беа расположени за победи. Лидерот на табелата битолски „Пелистер“ го совлада „МЗТ“. Второпласираниот „ФМП“ го победи „Работнички“. Загуби и „Еуро Никел“ и тоа на свој терен во Кавадарци од екипата на „ТФТ“. „Гостивар“ и „Кожув“ не си го дозволија тој луксуз па лесно ги совладаа своите противници „МЗТ 2“ односно „Црн Дрим“. Својот натпревар денес ке го одиграат „Куманово„ и „Вардар“ а домакинот ја има фаворитската улога. На средбата во Кавадарци многу работи излегоа на виделина. Кратка клупа, не толку квалитетен ростер, некои првотимци делуваа анемично, летаргично. Дали тоа е последица од големите паузи меѓу средбите мајдобро си знае тренерот Самарџиев. Видливо беше дека во екипата на „Еуро Никел“ недостигаат уште најмалку 2 засилувања и тоа бек поентер и уште едн висок играч кој би го зацврстил приодот во рекетот. Екипата на „ТФТ“ овие аномалии на противникот максимално ги искористи и заслужено ги освои бодовите.

м.в.

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=aCtmVOV_JBo&fbclid=IwAR3DvvV0E-3ZjLOMwU-2cEWDn2si8zRTUStcRlx4ibHtrhJdgYJNOGjQDKo