МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТРОКАЛ ВО 3 КОЛО ЗАГУБИ ДОМА ОД МЗТ А ПРО БАСКЕТ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ШКУПИ

Во третото коло од најелитното натпреварување за кошаркарки во плеј аут лигата кавадаречките претставнички доживеаја порази. Девојките на Трокал загубија на домашен терен од екипата на МЗТ со резултат 49:71. Пораз доживеа и екипата на Про Баскет но на гостувањето кај тимот на Шкупи со резултат 70:66.Гостинска победа забележа и тимот на Куманово со 47:61 на гостувањето кај Пантери а во ова коло слободна беше екипата на Гостивар. Да потсетиме дека во плеј аут лигата се пласираа екипите од двете групи кои во регуларниот дел од сезоната беа пласирани од 4 до 7 место а во плеј аутот ги пренесоа бодовите од регуларниот дел.

По три кола од плеј аутот на табелата води Пробаскет со еден бод повеке од МЗТ, Трокал засега е на 3 место но има средба повеке од екипите на Шкупи и Гостивар кои се наоѓаат на 4 односно 5 место. Куманово е шесто а Пантери се седми. Следното коло на програмата е претстојниов викенд а екипата на Пробаскет ке го нагости тимот на Гостивар. МЗТ не би требало да има проблеми дома со Пантери додека Куманово и Шкупи се очекува да одиграат неизвесен натпревар. Слободна е екипата на Трокал.

М.В.