Денска попладне во Кавадарци се одржа презентација на вооружување, опрема и возила

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека ќе има изменет режим на сообраќај во централното градско подрачје во деновите 15.06.2019 ( сабота ) и 16.06.2019 ( недела ).

Во сабота поради настанот  вежба „Одлучен удар“ односно презентацијата на опрема и возила на армијата на РСМ и армијата на САД која ќе биде на градскиот плоштад во периодот од 16:30 до 21 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните улици:

- ул.Тиквешко востание до ул. Миле В'чков

- ул.Илинденска делот од плоштадот до стара автобуска

-ул.Мито Хаџи - Василев Јасмин

- ул.7ми Септември.

Во недела поради вториот по ред Кавадаречки ноќен маратон, во периодот од 17 до 22 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните учлици:

- ул.Тиквешко востание до вториот триаголник

- ул.Страшо Пинџур

- ул.Илинденска

ул.Моша Пијаде.

Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко го организираат Вториот ноќен полумаратон .Ке се одржи во недела на 16.06.2019 од 18 до21 часот во централното подрачје на Кавадарци под мотото "Го сакам Кавадарци". Ке се трчаат :Полумаратон (21.097 м .),трка на 10.000 метри и трка на 5.000 метри.Трите трки ке се одвиваат според официјалниот начин и мерење на време како и слични улични трки во земјата и странство.

 

Можете да се одлучите за курс по: Англиски, Германски, Италијански, Албански, Француски, Шпански, Грчки и Македонски за странци или специјализиран курс за потребите на Вашето работно место од областа на: Business, Finances, Accounting, Logistics, IT, Tourism and Hospitality итн.
Пријавете се во простории на MAXIMA EDU или на 075 318690 најдоцна до 20.06.2019.

 

 

Градоначалникот Митко Јанчев вчера-четврток- оствари средба со 160 граѓани. Ваквите отворени денови со Градоначалникот, службите и жителите на Општина Кавадарци се случуваат редовно и придонесуваа за побрзо решавање на проблемите и заедничко планирање на идните проекти.

Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ се одржа промоција на Романот на годината за 2018 “Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова.

Денеска  директорот на  СОЗШУ „Ѓорче Петров„ Горан Велковски  додели  11 стипенции на најдобрите ученици во Прва  година.Стипендиите  ги обезбедија три фирми:  ЈП Национални шуми, АД„Гоце Делчев-Тиквеш„ и ВВ „Тиквеш“.Во овие три фирми овие и други стипендисти и  останатит ученици во ова училипте имаат големи шанси да го обезбедат своето  вработување по завршувањето на школувањето.

Д-р Бошко Илиев и година ,како и лани со уште еден маратонец пливач, а годинава со уште двајца (Методија  Атанасов и   Блаже Стојанов-Били ) пливаа во чест на загинувањето на Димката Ангелов- Габерот, на месноста  Клинска леса, на Тиквешкото езеро, каде се наоѓа спомен плочата.Тие не потсетија на овој трагичен настан од НОВ, но иницираа поголема ангажираност за чествување на името и делото на Габерот со прогласување на овој пливачки маратон за традиционален.

Фотографијата е направена пред поставувањето на СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА И РЕВОЛУЦИЈАТА на Палавичини, двете офицерски згради се во фаза на изградба, а се гради и зградата на Општинскиот суд. Исто така од јавните објекти е и зградата на Дом на култура изградена во 1948 година.

Фотографијата е на Б. Ивановски снимена од зградата на Собранието

П.Камчевски

 Oва е чаршијата на Кавадарци во 1949 година и од овие објекти денес не постои ниту еден. Од десната страна се дуќаните на Дончо Шкартов, потоа на Анчо Фалков, па хотелот на Петре Американецот, а од левата дуќаните на Маневци. Од левата страна има едно дрво, кралче на кое имало ѕвонец со чие ѕвонење наутро се отворале дуќаните а попладне со заоѓање на сонцето пак се затворале. Последниот ѕвончар во чаршијата бил Александар Цандо Боцев.

П.Камчевски

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА