МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Апел до граѓаните за време на “Тиквешкиот гроздобер 2018„ да се редуцира користењето на автомобилите

„Општина Кавадарци ги повикува граѓаните за време на гроздоберските свечености без некоја посеризна потреба да не ги користат своите автомобили за движење во строгиот центар на градот каде ќе се довиваат настаните од годинешната манифестација „Тиквешки гроздобер„.

Воедно апелира до граѓаните нивните автомобили да не ги паркираат на улиците како би се обезбедиле паркинг места за гостите од страна кои во деновите од 7 до 9 септември ќе го посетат Кавадарци.

Почитувани граѓани со воздржувањето од непотребното користење на возилото за време на „Тиквечкиот гроздобер“ 2018год. ќе дадете свој личен придонес во негово подобро и непречено организирање и одвивање на програмските содржини.

Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна, а вие ќе помогнете во потврдувањето на епитетот дека кавадарчани се луѓе со широко срце и отворена душа за секој гостин и патник добронамерник.„ се вели во известувањето од Општина Кавадарци