МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сеќавање на Д-р Илија Чулев од Кавадарци

Д-р Илија Чулев (1908-1950), Роден е во Кавадарци каде завршил нижа гимназија, а Медицински факултет во Загреб. Во 1935 година еден е од иницијаторите за формирање на читалиштето во Кавадарци. На парламентарните избори во 1938 година се кандидира за пратеник на листата на Здружената опозиција.Покрај малверзациите на водечките партии, бил избран за народен пратеник. Во 1939 година во Собранието одржал впечатлив говор во кое говорел за експлоатацијата на македонските земјоделци.

Во 1944 гoдина се вклучува во НОВ како лекар на Шестата македонска бригада. Во 1945 заедно со уште неколкумина интелектуалци ја формираат илегалната организација “Илинден 903 година“ Нивната идеа била издвојување на Македонија од Југославија и формирање на самостојна македонска држава. Изработуваат меморандум и го испраѓаат до големите светски сили. Во ноември 1945 година бил уапсен и осуден на 10 година затвор. Умира во затворот 1950 година.

П.Камчевски