Новогодишните возбудувања во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци започнуваат.
За најмладите од сите основни училишта во општина Кавадарци Театарот при Домот на културата ја подготви Новогодишната претстава - Театар на сенки “Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија“, работена според оригинален текст на А.С.Пушкин, а во адаптација и режија на Микица Илова.Во претставата играат: Микица Илова, Диме Коцевски, Розе Милкова, Александар Стојанов, Тања Иванова, Викторија Данова и Благица Илиева. Плакатот за претставата е на Билјана Соколова Тодоровска, сценската поддршка на Диме Темков, а одговорен за музика и светло Марјан Тодоровски.Претставата го започнува своето патување со Дедо Мраз и најмладите во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ во понеделник, на 17 декември 2018, од 12 часот, секој ден во истиот термин до 21 декември 2018 и ќе ги опфати организирано сите основни училишта од општина Кавадарци.