МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

На иницијатива на Месната зедница од селото Ваташа, Градоначалникот м-р Митко Јанчев со стручниот тим од општината оствари средба со жителите на тема комуналната изградба во 2019 година.

Акцент во дискусијата беше ставен на тековниот проект за регулација и урбанизација на кејот на реката Луда Мара во должина од 760 метри, на потегот од „Ваташкиот мост“ до паркингот кај зградите „Силекс“.На средбата жителите искажаа поддршка на проектот со кој се урбанизира коритото на реката низ Ваташа, но изразија сомнеж, реагираа и дискутираа со меѓусебни спротивставени ставови околу бетонирањето на минорното корито и длабочината на каскадите и слапиштата. По објаснувањата од надлежните стручни служби на општината, како и изведувачат „Градба промет“ реакциите на граѓаните се смирија.Во обраќањето пред ваташани градоначалникот Јанчев искажа разбирање за нивните реакции, но им порача: „Јас имам целосна доверба во проектот и изведувачот. Ова го работиме за доброто на сите. Изградбата на кејот ќе помогне во регулацијата на речното корито, а воедно и ќе создаде поубав урбанизиран лик на Ваташа“.На крајот од средбата градоначалникот Јанчев уште еднаш ги потсети ваташани на интензивната комунална изградба во која покрај кејот,тие во 2019 година ќе добијат нов мост за побезбеден проектот за реконструкција на покривот на Спомен домот „12 Младинци“.

51272922_2349236365300411_3320467245494173696_n.jpg

51387550_2351750328382348_2087384011713282048_n.jpg

51387550_2351750328382348_2087384011713282048_n.jpg