МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера (на 29.07.2019 година) вработени во Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ , самостоен Испектор по превенција Стојанчо Ѓорѓиев , спроведе акција за информирање на месното населени во ридскопланинските села во општина Кавадарци со отпочнување на кампањата „За намалување на Заканите од пожари“ која ќе се спроведува од 15 Јуни до 15 Август на територијата на цела држава.

Акцијата опфати посета на населените места: с.Бојанчиште, с.Куманичево,с.Конопиште, с.Горна Бошава ,с.Долна Бошава,с.Крњево и с.Страгово.

Целта на кампањата е едукација на месното население со начини на превентивно делување се со цел намалување на Заканите од шумски пожари.

Активноста на Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ опфати делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и лепење на брендирани постери на видни места во ридскопланинските села во општина Кавадарци.

67363032_1493664037439130_6415278717437739008_n.jpg67802288_1128777670657292_8159968525553762304_n.jpg67686705_815143432213762_5266638028209651712_n.jpg67298580_856228118109590_9172759167281135616_n.jpg