МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ КЕ МОЖАТ ДА УЖИВААТ ВО ЗВУЦИТЕ НА ЧАЛГИЈАТА И ФОТОГРАФИИТЕ ОД БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

Утревечер (среда, 14 октомври) со почеток од 19 часот, на Градски плоштад Кавадарци, треба ќе се одржи целовечерен концерт на чалгиска и традиционална музика во изведба на оркестарот при АТМИ “Митко Алексов“ од Кочани. Доколку временските услови не го дозволат тоа настанот од градскиот плоштад ке се префрли и одржи во просториите на домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци. Во рамките на настанот истотака ќе биде отворена изложба на фотографии насловена како “1000 години Бигорски манастир“. Настанот е во организација на Домот на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и ќе се одвива според Протоколите за работа во време на COVID - 19: ограничен број на посетители коиу ке мора да одржуваат растојание од 1,5 - 2 метри, сите посетители задолжително треба да носат лична заштита на лицетои да ги дезинфицираат рацете.

м.в.