МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани под итно мора да престанат да губат бодови зошто ако продолжат вака опстанокот ке стане уште еден сон.

Кавадарчани чекаа цели 17 години да го видат својот миленик во првата лига, но ви никој случај не сакаат да гледаат ваков конфузен тим. Тиквеш и од гостувањето кај Работнички се враќа со спуштени глави. Работнички поведе со голот на Марио Станковски од пенал кој претходно го направи Коцев по една несмасна интервенција. Тиквеш израмни исто така со гол од пенал кој го реализираше Ивановски. Во 58 мин повторно кавадаречката одбрана делуваше конфузно. По една мешаница Лука Станковски во пад зафати една топка која го закачи Вареловски и го смени правецот па го измами Тофилоски. По 4 одиграни кола Тиквеш е пред последен со само 1 освоен бод од можни 12.

На табелата води Академија Пандев со 10 бода, пред Струга Трим Љум која има 8 бодови. Токму стружани едноставно мора да бидат пресвртница за оваа сезона кога кавадаречкиот фудбал е во прашање.

Во следното коло кое на програмата е во сабота на 28 август Тиквеш на домашен терен ке ја пречека токму Струга и ке има само една опција. Струга едноставно мора да падне.

М.В.

234434906_986821635491371_2142623435321708402_n