МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

DRӒXLMAIER со поддршка за учениците од кавадаречкото основно училиште Кавадарци, 31 мај – Основците од кавадаречкото училиште „Тоде Хаџи - Тефов“ ќе спортуваат накомплетно ново ракометно игралиште чија изведба во целост ја овозможи DRӒXLMAIER. Отсега учениците ќе имаат можност во соодветни услови да играат ракомет, но и да изведуваат други спортски активности.Реконструкцијата на игралиштeто опфати повеќе активности како што се поставување новастандардизирана подлога, соодветно обележување, како и обновување на заштитната ограда.DRÄXLMAIER, исто така, организираше и волонтерска акција за бојадисување на оградата наигралиштето. Вработените во DRӒXLMAIER како и родителите чии деца го посетуваат училиштето сомногу ентузијазам се вклучија во волонтерската акција.

Поддршка за воспитно – образовниот процес

Според Лукас Мирингер, генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија, спортот како дел одвоспитно едукативниот процес е исклучително важна алка во развојот на децата. „DRӒXLMAIER ќе продолжи да ги поддржува учениците и нивниот развој помагајќи во непречено и квалификувано спроведување на предвидената наставна програма. Верувам дека токму тука, на ова игралиште, ќе се развијат ракометни таленти кои ќе бидат дел од големите успешни клубови“, вели Мирингер.

Сигурен партнер на регионот

Учениците и наставниците искажаа голема благодарност до DRӒXLMAIER за поддршката која компанијата им ја дава на образовните институции во регионот од самите почетоци на своетоосновање.

„Учениците се особено радосни затоа што имаме ново игралиште кое е целосно опремено.DRӒXLMAIER покажа дека, меѓу другото, за компанијата е важна безбедноста на учениците додека спортуваат, па затоа со поддршка на DRÄXLMAIER е обновена оштетената и дотраена ограда“, вели Марија Трајкова, директор на ОУ „Тоде Хаџи - Тефов“ од Кавадарци.Претходно, DRӒXLMAIER го поддржа училиштето со донација на компјутерска опрема, а од септември оваа година па натаму учениците ќе имаат можност да се рекреираат и на постоечкото ракометно игралиште, но сега во ново модерно издание.

334444 (1) 66667778 334444 (2)