МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Од ПЕ на МЗШВ информираат дека започна аплицирањето на дополнителната мерка предадено грозје во преработувачки капацитети и аплицирањето ќе трае до 25.12.2022 година.

За вас, земјоделците потребно ви е да доставите потврда од предаденото грозје. Потврдата слободно може да ја подигнете од секоја Винарска визба каде што имате предадено грозје или пак регистриран откупен центар.Посебен апел упатувам до сите винарски визби и до сите регистрирани откупни центри, во најбрз може рок да им се предадат потврдите на сите земјоделци се со цел навремено нивно аплицирање до дадениот рок.

Потврдите се достапни на страната на агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој или на веб страната ipardpa.gov.mk каде што го бираме полето директни плаќања 2022 и потоа полето обрасци – вели раководителот на п.е на МЗШВ Кавадарци, Митко Керов.

Тој појаснува дека потврдата треба целосно и точно да е потполнета бидејки само како таква ќе се смета за точна при поднесување на барањето. Секоја непотполнета потврда или потрвда без штембил и печат ќе се смета за невалидна и не ќе може да се искористи како доказ за поднесувањето на дополнителната мерка.

Аплицирањето се врши во подрачната единица Кавадарци при министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секој работен ден од 8 часот до 16 часот.