МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Пробаскет„ и „Трокал“ во меѓусебен дуел ке решат кој ке игра во елитата следната сезона

Екипата на Гризли Баскет е новиот учесник во друштвото на најдобрите сениорски екипи за наредната натпреварувачка сезона во македонската женска кошарка. Во последното коло од регуларниот дел, Гризли го совлада директниот конкурент делчевски Патриот со 68:48 за вкупен скор од 14 победи и 2 порази и прво место на табелата во групата „Б“. Ист таков ефект има и екипата на Трокал од Кавадарци, но поради подобриот скор во меѓусебните натпревари, екипата од Скопје директно го продолжува натпреварувањето во плеј-офот за шампионската титула. Системот за натпреварување во женската Прва лига, вели дека во втората фаза ќе се натпреваруваат двете најдобри од групата „Б“, и седум кои се натпреваруваа во групата „А“ Екипата на Работнички не го доигра првиот дел и беше исклучена од натпреварувањето.Како екипа која ја освои втората позиција на табелата во групата „Б“, екипата на Трокал ќе разигрува против локалниот конкурент, екипата на Пробаскет за позицијата број 7, која пак за противник во четвртфиналето на плеј-офот ќе ја донесе екипата на Баскет Кам. Во оваа плеј-оф фаза според последните информации двете екипи од Кавадарци, првиот натпревар ке го одиграат на 11 април од 14 часот во салата Јасмин. Ќе СЕ одиграат два натпревари (дома-гости), на кош-разлика. Со забелешка дека Пробаскет, како учесник во повисокиот ранг на натпреварувањето ќе има предност на домашен терен односно вториот меч ке се игра на нивен терен, на 13/14.април. Кога ке стартува четвртфиналето за пласман во полуфиналето ке бидат потребни две победи во серијата „подобар од три“ натпревари. Термини за одигрување на четвртфиналните серии се 16, 20 и 27.април. Полуфиналето почнува на 30.април, ќе се игра и на 4 мај, евентуално и на 7 мај. Финалната серија, која ќе се игра според системот „подобар во пет“ натпревари, е закажана за 11, 14, и 18, мај, а ако биде потребно, ќе се игра и на 21, односно 25. мај. Четвртфиналните двојки се Бадел – Гризли, Баскет Кам – победник Пробаскет/Трокал, Вардар – МЗТ и Крива Паланка – Струга.

viber_image_2022-04-05_13-17-17-912

М.В.