„Почитувани сограѓани,Лицата кои се сместени и во наредните неколку дена ќе останат во групен карантин во објектот на Специјален Завод-Депанданс се негативни на корона вирус, сепак од страна на надлежните министерства и од страна на Општина Демир Капија и ЈКП Бошава ќе бидат превземени сите безбедносни мерки.Воедно ве информираме дека од утре 20.03.2020 ќе започне повторно дезинфицирање на улиците и сите јавни површини во Демир Капија и околните населени места и за таа цел ве замолуваме да ги отстраните вашите возила од улиците.Апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките кои се препорачани од Владата“
-се наведува на ФБ профилот на градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров.