МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Квалитетна понуда а и цената на доматите се стабилизира на 25 и 30 денари килограм

Средина на месец август сме.Среда-пазарен ден во Кавадарци.Со еден поглед на градското пазариште-општиот впачаток е дека истиот е богато снабден, а и не е скап.Тоа што е естремно топло ова лето резултира и состојбата на пазарот.За речиси 15-20 дена порано станаа зрели поголем број земјоделски култури и зеленчук и овошје.По скоро 20 дена релативно високи цени доматите конечно се спуштија на подносливи, 20,25 и 30 денари,пиперките со голема понуда можеа да се купат од 25 до 35 денари,дињите денескаа беа со понуда која придонесе нивната цена по килограм да падне за 5 денари и се продава по 15 денари.Лубениците чинеа 7 и 8 денари килограм, праските 20,модрит сливи 25 денари.

Преглед на цени на Градски зелен пазар Кавадарци

Домати.....................................20,25 и 30 ден.кгрПиперки...................................30,35 ден.кгрКраставици...............................20 и 25 ден.кгрМодри патлиџани......................10 и 15 ден.парчеТиквиња..................................10 ден.парчеБамја.......................................130 ден.кгрМорков.....................................40 ден.кгрКомпир.....................................20 и 25 ден.кгрКромид......................................20 ден.кгрЛук............................................120 ден. кгрПраски.......................................20 ден.кгрСливи........................................25 ден.кгр.Круши........................................30 и 40 ден.кгрДиња.........................................15 и 20 ден.кгр.Лубеница...................................7,8 и 10 ден.кгрБанани.......................................45 и 50 ден.кгрЛимон........................................100 и 120 ден.кгрГрозје-Кардинал.........................35 и 40 ден.кгр