АК„Тиквеш“ пред 71 година

На фотосот е дел од колективот на Лозаро-винарското претпријатие “Тиквеш“ во 1948 година, кога подрумот „Тиквеш“ е во фаза на изградба, а се користат капацитетите на приватните винарски визби на Велковци, Кујумџиеви, Маневи и др. На фотографијата се Диме Шемов, Перо Белевски, Блажо Ридов, Коле Прстенков и други. Фотографијата е направена во дворот на Александар Велков.

Од фототрката на Музеј галерија-Кавадарци.