МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Крводарителска акција во полициска станица Кавадарци, за припадниците на МВР од ПС-ОН Кавадарци и гранична полиција РЦ југ со седиште во Кавадарци.

Честитки за хуманоста на сите крводарители, а во пресрет на 17 март ден на Црвениот крст и крводарителството во Република Македонија.

„Во 2017 година реализирани се 1810 крвни единици во двете општини Кавадарци и Росоман, а предвидениот годишен план е 1180. Значи 630 крвни единици повеќе од предвиденото, што се должи на големата хуманост и солидарност на граѓаните на овие две општини. Од име на црвениот крст и од име на оние на кои крвта им е неопходна по нивното здравје изразуваме голема благодарност и респект за сите крводарители за покажаната хуманост од нивна страна„ -изјави за РТК.МК Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.

Акцијата денеска траеше до 14 часот а беа собрани над 25 крвни единици .