МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Sуо, претставници од кинеска амбасада, како и претставници од компанијата Powerchina intl. Иако ова е втора посета на амбасадорот, ова беше прв состанок од ваков карактер на кој меѓу другото, беше искажана благодарноста за соработката со кинеската компанија во реализација на активностите кои ги имаат во областа на инфраструктурата, патот Фариш – Дреново. Од страна на градоначалникот гостите беа запознати со локалното стопанство и економија, а се разговараше и за можностите за директна соработка помеѓу кинеските компании и Општина Кавадарци. По овој состанок се договори уште една бизнис средба, која ќе се одржи во текот на оваа недела. 335532727_213425318022386_3837281006419384309_n