МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одржана 14 седница на Совет на Општина Демир Капија

На 31.10.2022 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа 14 по ред редовна седница. Седницата ја отвори и водеше претседавачот на советот Андон Крстевски. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од 13 одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2022 година – втор ребаланс.Износот од вкупните приходи на Буџетот на општина Демир Капија од 135.629.605,00 денари се заменува со 142.771.496,00 денари.Износот на вкупните расходи на Буџетот на општина Демир Капија од 135.629.605,00 денари се заменува со 142.771.496,00 денари.

По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за доделување на награда "7-ми Ноември" и признанија за 2022 година.Оваа година ќе бидат доделени две Седмоноември награди и тоа на Сузана Крстова вработена во Општинската администрација и на Др. Катица Бакиева Бојчева.Признанија за 2022 година ќе бидат доделени на Олгица Мелова од Кајакарскиот клуб Просек од Демир Капија, Невладината организација Хуманост, Аматерскиот Театар Мирка Гинова, Јавното претпријатие Железници на Република С.Македонија - Инфраструктура, Фудбалерката Мурвет Вардар и на Др. Олгица Сакламаева. Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за стипендирање на талентирани ученици за учебната 2022/2023 година. Советот на Општина Демир Капија доделува 3 стипендии за учебната 2022/23 година на следните ученици во средно образование:

Ивана Најдовска (Општинско средно медицинско училиште Др. Јован Калаузи-Битола; Ивона Маркова (СОУ Св. Кирил и Методиј-Неготино); Марија Ристова (СОУ Ѓорче Петров-Прилеп).

Висината на стипендијата за средното образование изнесува 2.000,00 денари, а се прима девет месеци во текот на учебната 2022/23 година, односно од Октомври до Јуни - додека трае учебната година.

Четвртата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше донесување Одлука за Урбанистички проект со план за парцелација со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште, на КП.Бр.256 и КП.Бр.21/10, К.О.Бистренци, Општина Демир Капија.

По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за Урбанистички проект со план за парцелација со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште, на КП.Бр.766, КП.Бр.771/1 и КП.Бр.850/3, К.О.Прждево, Општина Демир Капија.

По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за Урбанистички проект со план за парцелација со намена Г2-Лесна, преработувачка и помалку загадувачка индустрија, К.О.Челевец, Општина Демир Капија.

Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Програма за измена и дополна на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2022 година.

Осмата точка од дневниот по разгледувањето не беше усвоена, а се однесуваше на Решение за давање Согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈКП "Бошава" Демир Капија.

Потоа се премина на деветата точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за третиот квартал 2022 година.

Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и Советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров Градоначалник на Општина Демир Капија.

П.Пашоев