Кошаркарите на Еуроникел гостуваат кај директниот конкурент, екипата на Феникс

Во првата машка кошаркарска лига продолжува борбата за место во плеј офот. Редовното 18 коло стартува денес со натпреварот Пелистер МЗТ 2 во кој битолчани се апсолутни фаворити.

Во сабота ке играат МЗТ – Ангели, ТФТ – Гостивар, ФМП – Работнички и Кожув – Куманово. Во недела се игра само еден натпревар и тооа директната пресметка за место во плеј офот помеѓу Феникс и Еуроникел. Во моментов екипата на Феникс е на 6 позиција на табелата со 27 бодови колку што има и ТФТ на петтото. Еуроникел е седми со 26 бодови што значи дека доколку кавадарчани сакаат плеј оф едноставно од ова гостување мора да се вратат непоразени.Се чини дека ова е вистински момент кога мора да проработи искуството и поединечниот квалитет на кавадарчани.Во првата женска елитна кошаркарска група А ке се игра третото коло од оролоџото. Утре екипата на Про Баскет ке му гостува на фаворитот Вардар а утре се игра и големото дерби помеѓу двете најквалитетни екипи Бадел и Баскет Кам.Во недела ке се одигра средбата МЗТ – Струга.Во првата женска кошаркарска лига група Б на програмата се средбите од 15 коло. Во сабота ке играат Куманово – Риниа а големото дерби ке го одиграат Гризли и Трокал. Во недела се среќаваат Шкупи – Патриот и Гостивар – Мега Баскет.

М.В.