МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 16. декевмри 2021 година Советот на општина Демир Капија ја одржа првата вонредна седница на која беа разгледани и усвоени две точки од дневниот ред. Седницата се одржа преку интернет апликацијата ZOOM, а ја отвори и водеше претседавачот на Советот Андон Крстевски.

Причините за свикување на вонредната седница од итен и неодложен карактер беше за обезбедување на средства во блок дотацијата за 2021 година во ЈОУДГ Борис Трајковски Демир Капија, а со цел обезбедување на целосна исплата на платата за постојниот број на вработени во установата за месец ноември 2021 година согласно известувањето од 10.12.2021 година од страна на Министерството за труд и социјална политика. По образложението дадено од страна на Зоран Димов директор на ЈОУДГ Борис Трајковски од Демир Капија се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Демир Капија за 2021 година. Втората точка исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Демир Капија за 2021 година.